Словаците парираа 30 минути, но на крај загубија убедливо од Норвешка

Репрезентацијата на Норвешка на првиот натпревар од Европското првенство славеше против еден од домаќините на континенталниот собир, Словачка, со резултат од десет гола разлика, 35:25.

Составот на Словачка на овој натпревар покажа свои квалитети, посебно во првото полувреме кога на моменти и парираше на скандинавската селекција. Иако, Норвешка стартуваше фуриозно со 3:0, ракометарите на Словачка се консолидираа во своите редови и фатија приклучок.

Словаците во првото полувреме двапати беа во водство, водеа со 7:6 и 8:7, но во преостанатиот дел од натпреварот започна доминацијата на Норвежаните. Со добро организирани напади и цврста одбрана, ракометарите на Норвешка се одлепија на 12:8. На пауза резултатот гласеше 15:11 за норвешкиот состав.

Во второто полувреме играта на домашната репрезентација целосно се распадна. Норвешка започна полека да создава своја предност и веќе во завршниот дел имаше високо водство од 27:18.

До самиот крај немаше поголема промена на резултатот. Ракометарите на Словачка заостануваа сериозно и никако не можеа да дојдат до помала негатива.

13 јануари 2022
35 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 јануари 2022 22:34 EURO22 F 2021/2022 13.01.2022 60'

Место

„СТИЛ АРЕНА“ КОШИЦЕ

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
НОРВЕШКА1535Победа
СЛОВАЧКА1125Пораз

НОРВЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Ветле Ек Агацентрален бек00
5Сандер Сагосенлев бек23
6Себастијан Бартолдлево крило04
7Сандер Оверјордетлев бек01
11Петер Овербипивот01
12Кристијан Саверасголман00
13Ерик Торстејнсен Тофтлев бек05
15Кент Робин Тонесендесен бек14
19Кристијан Бјорнсендесно крило02
21Магнус Гулерудпивот13
24Кристијан О’Саливенцентрален бек01
27Харалд Рајнкинддесен бек02
30Торбјорн Бергерудголман00
32Томас Солстадпивот03
44Кевин Магеро Гуликсендесно крило03
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило13
 Вкупно 535

СЛОВАЧКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Теодор Паулголман00
3Патрик Хрушчакдесен бек00
7Шимон Мачацпивот01
11Мартин Бријаткалево крило03
18Јакуб Прокоплев бек05
19Мартин Потискцентрален бек01
20Томас Урбандесно крило06
21Лубомир Дуришцентрален бек00
23Лукас Печилево крило10
25Марек Ковачехдесен бек00
30Марек Хнидакдесен бек03
39Томас Сметанкацентрален бек03
48Доминик Калафутпивот01
49Мартин Сланинкапивот02
67Маријан Зерновицголман00
81Јакуб Микиталев бек10
 Вкупно 225

ЕП 2022 – ГРУПА Ф

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА33006
2ПОРТУГАЛИЈА32014
3ЧЕШКА31022
4ГРЦИЈА30030