Слишковиќ: Вардар го промени составот, сè уште е квалитетен тим!

Ракометарите на Вардар вечерва го играат третиот натпревар во Лигата на шампионите, а ривал е португалскиот првак Порто.

Гостинот доаѓа со голема самодоверба во Скопје по победата над ПИК Сегед, а левиот бек Иван Слишковиќ вели дека иако е променет составот, Вардар се уште е квалитетен тим.

„Поради малите број натпревари во време на короната, никој не можеш да го анализираш и не знаеш дали е таа реалната слика или не. Вардар го промени составот, но сè уште е квалитетен тим и има одлични играчи во својот ростер. Не е мала работа да го победиш Флензбург, а беше и пред победа во Брест. Тоа говори за квалитетот на нашиот следен противник. Нема да биде нималку лесен натпревар, тоа е сигурно“, изјави Слишковиќ за „Балкан Хендбол“.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто ќе се игра вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.