Скубе сепак се врати во Мешков и тренира со клубот

Утрово беше објавено дека Сташ Скубе ќе го напушти Мешков Брест и до крајот на сезоната ќе игра во друг клуб пред да се пресели во Келце со кого претходно има договор за наредната сезона. Сепак, поранешниот ракометар на Вардар се врати во Мешков.

Мешков Брест утре ќе го игра првиот натпревар по пауза од 18 дена и тоа против Кронон, порашениот клуб на Дмитриј Тихон кој пред неколку недели пристигна во Мешков.

Во Мешков течат подготовките за овој натпревар, а вратени се и ракометарите кои од семејни причини или обврски кон репрезентациите беа ослободени како: Дмитриј Санталов, Станислав Кашпарек, Стевен Сретеновиќ, Владимир Врањеш и Скубе.

Сите учествуваа во денешниот тренинг и утре би требало да настапат, вклучувајќи го и Скубе, информираат од прес-службата на белорускиот клуб.