Скопје на силен меѓународен турнир во Романија

Тимот на Скопје во финишот на подготовките пред стартот на новата сезона ќе биде дел од силен меѓународен турнир во Романија.

Скопје, кој ќе биде предводен од Горан Кузманоски, ќе игра на турнирот во Темишвар, каде покрај домаќинот, ќе играат уште две екипи.

Покрај Политехника Темишвар и Скопје, од турнирот што ќе се игра на 19 и 20 август, ќе бидат дел и Металопластика Шабац и романската Потаиса Турда.

Покрај тренерот Кузманоски, досега скопјани се засилија со голманот од Србија, Никола Радовановиќ.