Скопје запиша важни бодови против Вардар Неготино

Тимот на Скопје запиша важни бодови во битката за суперлигашки опстанок откако славеше против еден од директните конкуренти Вардар Неготино со 33-28.

Избраниците на Петар Ангелов диктираа темпо во првиот дел, водеа во повеќе наврати, но по 11-11, следуваше една серија на домашните за 14-11 и на пауза се замина со плус два за нив, 16-14.

Неготинци се вратија во егал во второто полувреме и израмнија на 19-19, а потоа се играше гол за гол до 22-22. Скопје поведе со 25-23, гостите не реализираа неколку напади по ред и со серија од четири гола веќе беше 29-23.

До крајот немаше време за неготинци за нов камбек во натпреварот, па бодовите останаа во Скопје.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Дамјан Јакимовски и Марио Мишевски со по седум погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Лазар Адамовиќ со девет и Ѓорѓи Ташев со осум гола.