Ситуацијата меѓу Украина и Русија создава грижи, ЕХФ откажа четири натпревари

Екипата на Мотор Запорожје нема да ги одигра натпреварите од Лигата на шампионите кои беа предвидени за првите десет дена од март откако клубот ја извести Европската ракометна федерација дека не е во можност да патува поради ситуацијата која владее во земјата.

Мотор требаше да биде домаќин на ПСЖ (1 март, одложен дуел од завчера) и Барселона (3 март), а потоа на 10 март требаше да гостува кај Порто. Сепак, екипата не е во можност да патува и затоа овие натпревари се откажани. За нив ќе има дополнителна одлука, но голема е веројатноста дека Мотор ќе ги загуби сите со резултат 0:10.

Откажан е и еден дуел од Лигата на Европа. Станува збор за средбата меѓу Нант и Чеховски медведи. За овој натпревар од Нант го информираа ЕХФ дека не се во можност да го оречекаат тимот на Чеховски медведи на 1 март поради актуелната ситуација во Украина.

И за овој дуел се очекува одлука од ЕХФ.