СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

Со одигрувањето на завршниот турнир во женската кадетска лига беше минатиот викенд спуштена завесата на ракометната сезона во Македонија.

Беа доделени шампионски пехари во осум натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Во сениорска конкуренција шампиони се Вардар, кој ја одбрани титулата и Ѓорче Петров, кој имаше одличен финиш и го замени Куманово на тронот.

Во младинска конкуренција, кај момците титулата ја освои составот на Алкалоид, додека кај дамите победник беше Металург.

Во кадетска конкуренција, титулите ги освоија машкиот тим на Бутел Скопје и женскиот тим на Стружанка.

Во пионерска конкуренција, шампионските титули отидоа кај составите на Ѓорче Петров (девојчиња) и Бисинов (момчиња).

Сите шампиони на Македонија за сезона 2021/22:

Вардар – Супер лига
Ѓорче Петров – Женска лига
Алкалоид – младинци
Металург – младинки
Бутел Скопје – кадети
Стружанка – кадетки
Бисинов – пионери
Ѓорче Петров – пионерки