Сите учесници на СП ќе бидат вакцинирани против коронавирус?!

Организацискиот комитет на Светското првенство што треба да се игра во Египет и ИХФ ја разгледуваат можноста за вакцинација против коронавирус на сите учесници.

Тоа го најави претсестелот на светската куќа на ракометот – Хасан Мустафа, не неодамнешниот состанок околу организацијата на Мундијалот.

Планирано е сето тоа да се спроведе во соработка со Владата на Египет, а кога би се одвивало, засега не е најавено.

Мундијалот во Египет ќе биде првиот со 32 селекции и треба да се одржи во четири египетски градови од 13 до 31 јануари.

Македонија нема да биде дел од учесниците.