Синот на Чави Пасквал ќе игра за Динамо

Новиот тренер на екипата на Динамо Букурешт, Чави Пасквал почна да го креира тимот за новата сезона, а меѓу играчите кои ќе го засилат тимот е и неговиот син, Алекс Пасквал.

Ракометарот кој има 21 година досега играше за Барселона, со која                 победи во Лигата на шампионите. Алекс Пасквал има19 гола во последната сезона така што имаше свој придонес на патот кон трофејот.

Синот на Чави Пасквал играше од 2018 година за првиот тим, а сега одлучи да го следи својот татко и да игра во првенството на Романија.

Динамо Букурешт гради добар тим така што ќе биде доста конкурентен.