Сигурдсон со критики: ЕХФ покажа непочитување кон сите играчи на ЕП

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Јапонија, Дагур Сигурдсон, кој беше репрезентативец на Исланд од 1992 до 2005 година, а во својата селекторска кариера беше предводник и на репрезентацијата на Германија со која во 2016 година го освои златниот медал на Европското првенство во Полска, отворено ја критикуваше ЕХФ дека не воспоставила систем „балон“ на ЕП.

Фактот што многу играчи и членови на стручниот штаб на голем број на репрезентации беа заразени на континенталниот собир беше причина за критика од страна на Исланѓанецот.

„Веќе ова не е смешно и мислам дека е непочитување кон играчите за сето она што се случува во хотелите и околината. Се зборуваше дека ќе има некаков „балон“. Исландскиот тим беше изолиран во „балон“ на подготовките дома, луѓето поради тоа не ги славеа празниците со своите семејства, а потоа заминаа на Европското првенство и таму мораа да се среќаваат со туристи во хотелот. Јас бев во шок кога ја слушнав таа информација“, изјави Сигурдсон.

Во репрезентацијата на Исланд пред два дена позитивни на коронавирус беа Арон Палмарсон и Бјарки Мар Елисон.

Двајцата ракометари играат клучна улога во составот на Гудмундур Гудмунсон.