Се сеќавате ли на Ања Андерсен – атракции, среден прст за судиите, срцева мана, титули со Шлагелсе…(ВИДЕО)

Aндерсен во 90-тите години беше ракометарка поради која се полнеа салите. Позната беше по својата луцидна игра во нападот и жестокиот темперамент. Данскиот ракомет денес ужива големо реноме пред се поради низата фантастични резултати на машката репрезентација предводена од Микел Хансен и Матијас Гидсел. Но, на помладата популација не и е многу познато дека всушност женската репрезентација е заслужна за популаризацијата на овој спорт во Данска.

Женската репрезентација на Данска и понатаму е повеќе трофејна од машката. Додека Хансен и друштвото имаат пет злата од големите натпреварувања, девојките имаат седум, посебно импресивна е низата од три олимписки злата во низа измеѓу 1996 и 2004 година.

Златните години на женскиот дански ракомет се поклопуваат со процветот на кариерата на една од најпосебните ракометарки во историјата – Ања Андерсен. Ренесаната на данскиот ракомет започна во 1994 година кога Андерсен ги предводеше колешките од репрезентацијата до првото злато во низата, европското. Андерсен беше ударната сила и национален спортски херој на Данска.

За најдобрата репрезентација на Данска Андерсен одигра 133 натпревари и постигна 725 голови. Но статистиката не може да долови што се оваа фантастична ракометарка му донесе на спортот. Во женскиот ракомет внесе вистинска атракција. Нејзината игра беше насочена само кон победа, но и на тоа да ја воодушеви публиката. Играше за бројни дански клубови, а најдлабока трага остави во Виборг и Бекелагет.

Сепак, нејзината кариера заврши прерано бидејќи и беше откриена срцева мана и само со 30 години мораше да се пензионира од ракометот. Уште неколку години настапуваше во ревијални натпревари на свој „дрим тим“ кој го составуваше, но таа екипа се распадна откако Андерсен заврши со играњето.

Потоа се проба и во тренерската работа, а резултатите покажаа дека има што уште да даде на ракометот. Во осум години релативно малиот дански клуб Слагелсе од втората лига го лансираше во орбитата и од него направи ракометна суперсила.

Имено, од 2000 до 2008 година со Слагелсе освои три дански првенства, ЕХФ Куп и дури три титули во Лигата на шампионите (2004, 2005, 2007). Во тој период кратко беше селекторка на Србија и Црна Гора, а во 2011 година после отказот во романска Валчеа се повлече од ракометот.