Се повреди првата ѕвезда на Алборг, нема да игра против Вардар во Скопје

Првата ѕвезда на Алборг, финалистот на последниот Ф4 турнир во Келн во Лигата на шампионите, Арон Палмарсон ќе отсуствува од терените во следниот период, а според докторските прогнози нема да биде во составот на гостувањето во Скопје на 29 септември.

Исланѓанецот се повреди на натпреварот против Рингстед во првенството на Данска на кој Алборг дојде до победа од 38:30.

„Заработи истегнување во пределот на препоните. Лошо е и ќе мора да мирува. Сепак, можеше да помине далеку полошо. Во зависност од тоа како ќе делува периодот на терапија ќе се знае кога ќесе врати на терените. Најверојатно ќе биде надвор од натпреварите во следните три до шест недели“, вели Јан Ларсен, директорот на тимот на Алборг.

Се стравувало во прв момент дека има напукнување на некој мускул, но очигледно дека поминал полесно, но сигурно е дека нема да биде во СКопје на средбата против Вардар и дури во втората половина од октомври ќе може да им помогне на своите колеги.