Се отвори патот за Дибиров, тргна кон врвот на стрелците во Лигата на шампионите

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров не само што на последниот натпревар против Мотор Запорожје имаше одлична партија со неколку убави погодоци туку успеа да се пробие високо на Листата на стрелците.

Дибиров дојде на три гола од Остроушко, кој до пред ова коло беше на првото место на листата. Дури сега го загуби врвот од играч на Мотор Запорожје.

Нови промени ќе има сигурно и после 13. коло со оглед на фактот што Остроушко веќе не игра, а Дибиров сигурно ќе има што да покаже на гостувањето кај Порто.

Меѓу првите 50 стрелци после 12. коло се наоѓаат уште двајца ракометари на Вардар. На делба на 27. место со 49 гола е Сташ Скубе. Со 47 погодоци Иван Чупиќ, пак, е на делба на 38. позиција.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

68 – Барис Пухоуски (Белорусија/Мотор Запорожје)

65 – Владислав Остроушко (Украина/Еурофарм Работник)

62 – Тимур Дибиров (Русија/Вардар)

61 – Хуго Дескат (Франција/Монпелје)

60 – Гомез Абељо (Шпанија/Барселона)

59 – Емил Јакобсен (Данска/ГОГ)

58 – Никлас Екберг (Шведска/Кил)

58 – Петар Ненадиќ (Србија/Веспрем)

58 – Богдан Радивојевиќ (Србија/Пик Сегед)

58 – Јосип Шарац (Хрватска/Целје)

58 – Тему Таминен (Финска/Кокс)