Се огласи Дибиров: Вардар бил и ќе биде – заедно можеме сè! (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар денеска остана без услугите на Даинис Кристопанс и на Павел Атман, а и голманот Калифа Гедбан договори трансфер во Адемар Леон.

Кристопанс заминува во Фуксе Берлин да ја доигра сезоната пред да се пресели во францускиот ПСЖ, додека Атман се враќа во родната Русија и ќе го носи дресот на Спартак Москва.

По “црниот ден” за Вардар, Тимур Дибиров се огласи на Инстаграм и ги повика навивачите да дојдат на мечот со Мотор.

„Драги фанови, знам дека сега ние е во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани,но сега е момент за сите нас да се обединат и да покаже дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш,и сите заедно ќе се даде поддршка кога е најтешко, ве повикувам сите во салата и да го покажеме што е љубов,заедно можеме да направиме се“, на македонски јазик напиша Русинот.