Песоа сака пак на ОИ: Се надевам дека ракометот на плажа ќе стане олимписки спорт

Голманката на Ростов-Дон и репрезентацијата на Бразил Маиса Песоа во интервју за ihf.info зборуваше за нејзините први чекори во ракомет на плажа. Екс вардарката има договор со Ростов на уште една година и најверојатно ќе остане до крајот на кариерата во Русија.

Таа освен што игра класичен ракомет во сала, исто така се натпреварува и во ракомет на плажа и тоа многу успешно.

„Во Бразил веќе играв ракомет во мојот град, а кога имав 15 години, мојот прв тренер Росана Маркез, за прв пат ме воведе во ракомет на плажа. Почнав да играм ракомет на плажа за екипата Жао Песоа, а неколку години подоцна, бразилскиот тренер Клаудија Монтеиро дојде да нè гледа на регионален турнир, каде што го освоивме третото место. Таа знаеше дека има талентирани играчи од нашиот регион, и дозна за мене и за тимот.Тренерот разговараше со мене, а потоа ме повикаа во репрезентацијата. Бев среќна, плачев и мајка ми и тато ми истоа така беа многу среќни за мене. И покрај фактот дека завршивме на шестото место на Светскиот шампионат, бев многу среќна и горда кога ја добив наградата за најдобар голман на турнирот. Никогаш нема да заборавам како ми го соопштија ова. Плачев како мало дете, но тоа беше неверојатно чувство. Се надевам дека ракометот на плажа наскоро ќе ја надополни програмата на Олимписките игри.

Репрезентациајта на Бразил е една од водечките репрезентации во овој спорт. На досега одржаните осум Светски првенства во ракомет на плажа за жени тие имаат освоено седум медали, три златни, еден сребрен и два бронзени одличја.