Се е подготвено за спектакл – Кил, Барса, Веспрем и Келце го окупираа Келн (ФОТО)

Утре во Келн започнува 13 издание на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а натпреварите стандардно ќе се играат во „Ланксес Арена“.

Во Кел ќе играат Кил, Барселона, Келце и Веспрем, овие клубови имаат освоено 14 титули од вкупно 30 во Лигата на шампионите.

Шпанскиот гигант пристигна во Келн уште во средата навечер, додека другите три екипи од вчера се во германскиот град.

Во полуфиналето ќе се сретнат Веспрем против Келце, како и Барса против Кил, па сигурно нема да недостигаат возбудувања претстојниот викенд.