„Се во репрезентацијата беше насочено кон Лазаров, другите немавме простор за докажување“

Лазо Мајнов е врсник со капитенот на националниот тим Кирил Лазаров, настапува и на неговата позиција. За Македонија има одиграно 56 натпревари, но никогаш не бил дел од тимот на едно големо натпреварување.

Неизбежно беше да го прашам дали тоа што истовремено игра со Лазаров влијаело и ја дефинирало неговата кариера, пред сè репрезентативната?

„Секако дека имаше голема улога. Кире беше пред мене и нормално сè беше насочено кон него. Дали јас или Митков, кој беше со нас на таа позиција, добивавме пет-десет минути простор или ако промашиме шут веднаш излегувавме и некако никогаш ја немавме онаа константност која ти е потребна за да покажеш што можеш. И денеска е така, не верувам дека и меѓу помладите има некој кој добива шанса. Влегува и излегува, толку е! Целата игра се вртеше околу него. Ниту селекторите не сакаа да прават измени, сигурно си имаа свои причини поради тоа, но од тие причини кога игравме за репрезентацијата никогаш не можевме да покажеме што навистина можеме. Немам настап на големо натпреварување со националниот тим, играв само во квалификациите. Секогаш бев во позадина и имав многу нервози со репрезентацијата. Во сезоните кога најдобро играв на клупски план, дојди за репрезентација не влегуваш во игра ниту минута, одвојуваш време, трошиш финансии, оставаш фамилија, а се чувствуваш како да не си важен иако треба да си тука, со тимот. Така се чувствував и почнав да се ’ладам’. Во Словенија (Рибница) играв одлично, бев носител на екипата, ме викнаа за репрезентација и не знам ни зошто ме повикаа таа година (2012), едноставно бев прешкртан и потоа веќе не ме ни викаа. Кога дојде Обрван тој ми даде уште една шанса, но имав операција на десното рамо во Елверум и паузирав три месеци. Прифатив, иако не требаше, одиграв еден меч со Шпанија, во кој ништо не покажав и тука е официјалниот крај. Ние бевме некоја позадина за Кире за во случај тој да се повреди ние да помогнеме, ниту јас ниту Митков нешто не се изнаигравме.“

Подолу прочитајте го комплетното интервју со Лазо Мајнов…

ИНТЕРВЈУ ЛАЗО МАЈНОВ: Жалам што за Македонија не сум го дал максимумот, должен сум и затоа му се враќам на ракометот