СЕХА Ф4 2022: Хрватски судии за Еурофарм Пелистер и Веспрем

Познати се официјалните лица за полуфиналните натпревари од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

На второто полуфинале меѓу Еурофарм Пелистер и унгарски Веспрем, ќе судат хрватските арбитри Матија Губица и Борис Милошевиќ. Делегати на натпреварот ќе бидат Србинот Јован Попадиќ и Хрватот Јосип Посавец.

На првото полуфинале меѓу хрватските тимови Загреб и Нексе повторно ќе има хрватска двојка – Јуриновиќ и Мрвица. Делегати на оваа средба се Синиша Рудиќ од Хрватска и Јан Рудински од Словачка.

Првото полуфинале се игра од 18:00 часот, додека пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем е од 20:30 часот во СРЦ „Вишњик“ во Задар.