СЕХА Ф4 2022: Радовиќ – Најважно е дека собравме сила, дигнавме глава и победивме

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ смета дека тимски победил Еурофарм Пелистер и брзо се вратиле на вистинскиот колосек по полуфиналниот меч со Веспрем.

Сега во натпреварот за трето место Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 27-23 (12-13) и тоа е првиот медал за битолчани на Ф4 турнирот во СЕХА лига.

„ Нашиот впечаток е одличен, постигнатиот резултат ќе ни користи добро во иднина. Мене најважно ми е што после првиот меч ја дигнавме главата ги собравме редовите и покажавме како изгледаме кога играме 100 отсто. Овојпат ние победивме. Им памтевме од лани. Беше машка борба. Носиме доста самодоверба, се вративме од дефицит. Продолживме во јак ритам и на крај беше одлично, вели Мирко Радовиќ, играчот на Еурофарм Пелистер.

Радовиќ беше меѓу најпрецизните стрелци на натпреварот против Нексе со 5 гола, веднаш за Усама Хосни кој постигна еден повеќе.