СЕХА Ф4 2022: Михајловски и Видерер заедно на трибините во Задар

Поддршката што досега ЕХФ ја даваше на организирањето на регионалната СЕХА лига продолжува и понатаму, со оглед на доаѓањето на висока делегација на европската ракометна федерација во Задар.

На завршницата од регионалната СЕХА лига што викендов се игра во хрватскиот град Задар по третпат по ред, присутно е целото раководство на регионалното натпреварување и на европската куќа на ракометот.

Финансиската комисија на ЕХФ во комплетен состав има состанок во Задар, а покрај сите нејзини членови во хрватскиот град се присутни претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, потпретседателот Мартин Хауслајтнер, членовите на Извршниот Комитет – Божидар Ѓурковиќ и Предраг Бошковиќ, потоа Хенрик Лакур…

Од раководството на СЕХА лигата, во Задар присутни се претседателот Михајло Михајловски, потпретседaтелот Борис Сапожњиков, потоа директорот Синиша Остоиќ, па претседателот на ХРС, Томислав Граховац.

Единствен македонски претставник на Ф4 турнирот е Еурофарм Пелистер, кој во полуфиналето против унгарскиот Веспрем.