СЕХА Ф4 2022: Ларс Валтер: Не мислевме на Нексе – мислевме на нас

За тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер важно е што одиграле различно од петокот, што покажале дека можат брзо да се вратат и да ја покажат својата вистинска сила.

Натпреварот со Нексе заврпи со победа на Еурофарм Пелистер од 27-23 и битолчани во дебитантскиот настап освоија бронзене медал.

„Не мислевме многу на Нексе, туку повеќе на себе. Ние сакавме да мислиме позитивно. На крајот можеби Нексе немаше среќа. Драго ми е што ги водов новите играчи, како Суси. Некои беа повредени. Се вративме во игра во споредба со петокот и тоа беше најважно“, вели Валтер

Ова е втор голем успех за пелистерци кои по триумфот на турнирот во Струга носат дома уште еден трофеј, и со мотив и со добра форма ќе го чекаат Супер купот на Македонија против Вардар на 11 септември во Охрид.

СЕХА Ф4 2022: Прво па машко за битолчани – Еурофарм Пелистер освои бронзен медал во Задар