СЕХА Ф4 2022: Кој последен ќе се смее – Валтер или Илиќ? (ФОТО)

Битолски Еурофарм Пелистер е третиот тим од Македонија што ќе игра на завршниот турнир од регионалната СЕХА лига по Вардар и Металург. Викендов во Задар се игра 11. Ф4 турнир каде за првпат ќе играат „зелените“ кои веруваат дека ова е нивната година.

Пелистерци во полуфиналето на регионалното натпреварување ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем, тим што ја брани титулата и зад себе има четири титули. За

На прес конференцијата пред натпреварот двајцата тренери, Ларс Валтер и Момир Илиќ беа расположени и со насмевка се поздравија пред мечот. Кој последен ќе се смее по полуфиналниот двобој останува да видиме утре околу 22:00 часот.

За Ларс Валтер ова е прв настап на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, и за доаѓањето во Задар вели дека тука ќе уживаат.