СЕХА Ф4 2022: Кизиќ – Со Нексе сме „тука некаде“ и не гледам зошто не би го победиле

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по поразот од унгарскиот Веспрем во полуфиналето на Ф4 во Задар, ги чека меч за третото место.

Ривалот е добро познат, Нексе Нашице, а голманот Марко Кизиќ вели дека екипите се израмнети со квалитет и дека може битолчани да се надеваат на успех.

„Немаме време да жалиме за поразот од Веспрем, бидејиќ знаевме каква екипа се. Се надевавме дека можеме да пружиме повеќе, ама веќе треба го заборавиме натпреварот и да се насочиме кон мечот за третото место, каде што имаме шанса за успех бидејќи сме тука некаде со Нексе. Не гледам причина зошто не би го добиле натпреварот против нив. Тимот има добра хемија и атмосфера во соблекувалната и на тренинзите. Тоа придонесува да се забрза процесот на воигрување, имаме десет нови играчи и нов тренер, со нови барања и потребно е време. Одиме чекор по чекор, ќе учиме на секој натпревар. Потребна е многу работа, ама мислам дека сме на добар пат. Од старт имам супер однос со Лесјак. Чест и задоволство е да го делам голот со така искусен голман, сакам да научам многу работи од него“, изјави Кизиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра утре од 16:30 часот.