СЕХА Ф4 2022: Двајца ракометари на Еурофарм Пелистер веќе го освојувале пехарот, знаете ли кои се?

Еурофарм Пелистер вечерва ќе го има своето деби на завршните турнири во регионалната СЕХА лига.

Иако битолскиот тим е дебитант, сепак во своите редови има ракометари кои веќе настапувале на завршен турнир, и не само што настапувале, туку и освоиле трофеј.

Станува збор за левото крило Гоце Ојлески и Милорад Кукоски, кои ја освоија титулата со Вардар на Ф4 во Загреб од сезоната 2011/12.

Уште еден од ракометарите на битолскиот тим, Марко Кизиќ, беше со Вардар на Ф4, кога „црвено-црните“ освојуваа трофеи, но не беше ниту еднаш во ростерот.

Еурофарм Пелистер вечерва ќе бие полуфинална битка со составот на Веспрем, во натпреварот што ќе стартува од 20:30 часот.