СЕХА лига останува во втор план: Загреб и Нексе се враќаат во домашното првенство

Денес на редовната седница на управниот одбор на Ракометниот сојуз на Хрватска беа донесени измени за натпреварувачката сезона 2021/2022 во машка конкуренција.

Беше донесена одлука машката лига да се прошири и во новата сезона да се натпреваруваат вкупно 16 екипи.

Новитет ќе биде враќањето на шампионот и вицешампионот, Загреб и Нексе. Двата тимови ќе играат уште од самиот старт на хрватскиот шампионат, па така натпреварите во СЕХА лигата остануваат во втор план.

Загреб во новата сезона ќе игра и во Лигата на шампионите, додека Нексе на европска сцена продолжува во Лига на Европа.