Сергеј Горбок славеше со вардарци (ФОТО)

Поранешниот ракометар на Вардар, Сергеј Горбок, кој остана да живее во Скопје и денешниот ден го искористи за следење на дерби натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Неговите поранешни колеги беа убедливи против составот на Жељко Бабиќ со 35:27 и имаа двојна причина за славење.

Освен победата против големиот ривал за шампионската титула, се славеше и роденденот на миленикот на вардаровите фанови, Иван Чупиќ.

Во соблекувалната во СЦ „Јане Сандански“ кон честитките се придружи и Горбок. Во друштво со ракометарите на Вардар се присети на убавите денови когa во Скопје паѓаа поголеми противници од денешниот.