Сениорките на нов собир во Автокоманда

По собирот што се одржа во Куманово, женската сениорска репрезентација составена од играчите од нашата лига, се наоѓа на нов собир.

Селекторот Симе Симовски работи со 19 ракометарки од Вардар, Металург, Куманово и Чаир во салата Автокоманда.

Овие собири се дел од подготовките за следните квалификациски натпревари за ЕП 2020 година, на кои Симовски ќе може да види кои од ракометарките се подготвени за влез во сениорската репрезентација заедно со искусните интернационалки.

Македонија во март ја очекуваат средби против Португалија од квалификациите за ЕП, а потоа во мај и возвратните дуели со Чешка и Шведска, но шансите за место на континенталниот собир се само теоретски.