Сениорките во акција, ќе играат на турнир во Анталија

Пред стартот на Светското првенство во Јапонија на 29 ноември, дамите ќе бидат активни во рамките на ЕХФ неделата.

Женската македонска репрезентација не обезбеди место на Мундијалот, па оваа ЕХФ недела ќе ја искористи за дополнително воигрување пред продолжението од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Избраничките на Симе Симовски ќе настапат на пријателски турнир во турскиот град Анталија, каде ќе одиграат четири пријателски натпревари.

На овој турнир, што ќе се одржи од 22 до 25 ноември, покрај сениорките на Турција, ќе настапат и  младинките, како и Косово и Италија.