Сениорите ја повикуваат фортуната на помош, денеска ќе ја дознаат пречката до СП во Египет

Денеска со почеток во 19:00 часот во Виена, ќе се одржи ждрепката на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Нашата селекција е сместена во вториот шешир, а противник ќе биде репрезентација која е во првиот шешир.

Нема преголем избор за Данило Брестовац и ракометарите, па оние ривали од кои изгубивме на Европско првенство, Австрија и Чешка, сега изгледаат како најдобра варијанта ако се погледнат другите можни противници.

Шешир 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција

Шешир 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/Босна, Полска/Литванија, Израел/Летонија

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторите и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Мундијалот ќе се игра во пет градови – Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.