СЕНЗАЦИЈА – Кадетен ја загуби титулата во Швајцарија, Винтертур нов шампион

Швајцарија во машка конкуренција доби нов шампион за сезона 2020/2021, а тоа е екипата на Винтертур. После 17 години, Винтертур повторно успеа да ја освои титулата откако во третиот натпревар од плеј-оф разигрувањето беше подобар од Кадетен Шафхаузен со два разлика, 25:23.

Екипата на Кадетен Шафхаузен на натпреварот настапи без стандардните ракометари, Зоран Марковиќ, Жарко Шешум и Габор Часар.

Во освојувањето на титулата, екипата на Винтертур беше предводена од поранешниот репрезентативец на Србија, Растко Стојковиќ. Искусниот ракометар беше играч на натпреварот и зад своето име запиша осум гола. Во составот на Кадетен, Јонас Шелкер беше најефикасен со седум гола.

Винтертур во 2004 година ја освои за последен пат шампионската титула во Швајцарија. Во последните 16 години само три екипи, Амичитија Цирих, Вакер Тун и Кадетен Шафхаузен доминираа во швајцарскиот ракомет, најмногу екипата на Кадетен Шафхаузен.