Chambery Savoie Mont-Blanc Handball

Сензација во Франција – Шамбери го сруши ПСЖ! (ВИДЕО)

Екипата на Шамбери направи големо изненадување во шампионатот на Франција и во рамките од 19. коло успеа да триумфира против тимот на ПСЖ.

Шамбери во дуелот со ,,светците” славеше со 34:33 и со новите освоени бода се позиционираше на 4. позиција на табелата.

Ниту новото засилување во тимот на ПСЖ, Петар Ненадиќ не беше од голема помош за најбогатиот клуб, бидејќи избраниците на Раул Гонзалес одиграа далеку под своите можности.

Победничката екипа беше предводена од десниот бек Густаво Родригес и левиот бек Костоја Алехандро, кои постигнаа по седум погодоци.

Во тимот на ПСЖ најефикасни беа Елохим Пранди и Даинис Кристопанс со шест погодоци. Новиот член во ПСЖ, Петар Ненадиќ имаше пет реализации.

Сега ПСЖ се наоѓа на 2. позиција на табелата, има 32 бода, додека два бода повеќе, односно 34 има првопласираниот Монпелје.