СЕНЗАЦИЈА во Унгарија: Чурго на Алем Тоскиќ го шокираше ПИК Сегед!

Тимот на ПИК Сегед сензационално загуби од Чурго со 30-33 во 15 коло од шампионатот на Унгарија. По сите проблеми со коронавирусот и убедливиот настап против Елверум во Лигата на шампионите, сите очекуваа ПИК Сегед да ја продолжи победничката низа.

Сепак избраниците на Хуан Карлос Пастор беа во подредена позиција во текот на целиот меч и немаа шанса за триумф.

Најдобар во тимот предводен од некогашниот вардарец од клупата – Алем Тоскиќ, беше Младен Крсманчиќ со осум погодоци, а младиот Унгарец Хануш даде шест голови. Кај ПИК Сегед, десното крило Богдан Радивојевиќ даде осум гола, а Бенце Банхиди беше стрелец на шест.

Ова е прв домашен пораз на унгарскиот вицепрвак по скоро три години (во декември 2017 изгубија во ЛШ од Висла Плоцк), а прв пораз воопшто по пет и пол години од унгарски тим што не е Веспрем или Татабања (во февруари 2015 изгубија од Чурго).