СЕНЗАЦИЈА во Кил: Мотор им „украде“ бод на „зебрите“

Трет натпревар по ред во Лигата на шампионите, тимот на Кил мора да го решава во последната минута. Откако имаше половичен успех на дуелите со Порто, не успеа да го победи украинскиот првак Мотор Запорожје, кој извлече реми, 32-32.

Во првиот дел и двете екипи имаа свои моменти и водеа најмногу со по два гола разлика. По десетина минути игра Мотор со 4-2 одбрана и излегување на Нилсон и Рајнкинд, одбрани неколку напади по ред на домашните.

Сорока и Дорошчук казнуваа во контри и Мотор имаше највисоки 21-24. Сепак по тајм-аутот на Јиха, се разиграа домашните и набрзина направија пресврт, па водеа со 28-26 на десетина минути до крајот.

Мотор не се предаваше, ја користеа гостите слабата вечер на Ландин и израмнија на 30-30 во финишот. Со резултат 32-32 се влезе во последната минута, Кил имаше долг напад, но ударот на Нилсон го одбрани Киреев и немаше време за нова акција, па мечот заврши со тој резултат.