Сезоната ја почна во Металург, а ќе ја заврши во француски Безансон

Францускиот лев бек Абдула Мане, по краткиот престој во тимот на Металург, се врати во татковината.

Тој потпиша договор со Безансон, кој се натпреварува во Втората лига по ранг во Франција, до летото 2023 година.

Ова е практично камбек за Мане во Безансон, чиј дрес го носеше од 2018 до 2020 година.

Пред Металург, една сезона мина во Дижон, каде беше меѓу најдобрите стрелци, а има настапувано и за Белфор.