Своевремено го бараше Вардар, сега оди во Барса

Катарскиот репрезентативец со потекло од Тунис, Јусуф Бенали, ќе биде замената за повредениот Луис Фраде во европскиот првак Барселона.

Бенали своевремено беше предмет на интерес на Вардар (во сезоната кога ja освои втората европска титула), но до реализација на трансферот не дојде.

Кружниот напаѓач досега беше играч на катарскиот Ал Араби, а пред да се врати во Катар, имаше многу понуди од поголеми европски клубови меѓу кои и Вардар.

По настапите за Леквија и Есперанса од Тунис, во 2017 се пресели во Иври, каде мина една сезона, па одигра и две во Шарт.

Бенали ќе биде дел од дуото пикери на Барса заедно со Лудовик Фабрегас.