ФОТО Колаж 24Ракомет| скриншот

Ристовска, Пешевски, Кузмановски, Карачиќ…Ракометарите со честитки до фудбалерите (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера направи голем успех победувајќи ја Италија, актуелниот европски шампион во баражот за Светското првенство.

Победата ја донесе напаѓачот Александар Трајковски со својот гол во 92. минута. По големиот триумф честитки до Трајковски и репрезентацијата пристигнуваа и од македонските ракометари, но и од оние кои се во блиска поврзаност со Македонија.

Така на социјалните мрежи пристигнаа низа честитки од: Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Сара Ристовска, Дејан Манасков, Никола Митревски, Игор Карачиќ, Индира Кастратовиќ…