Сани со убедлив триумф за старт, Делчево и Деспина ремизираа

Изминатиот викенд стартуваше кадетскиот шампионат во женска конкуренција, во кој оваа сезона ќе играат 16 екипи.

Тие се поделени во три групи по региони, од кои А и Б групата имаат по шест екипи, додека групата В е со четири екипи.

Металург немаше проблеми да слави против Куманово, а ист беше случајот со Феникс, Сани и Стружанка. Екипата на Шампион славеше против Ѓорче Петров во интересен натпревар.

Во групата В, Деспина на гостувањето во Делчево успеа да се избори за реми и еден бод, додека Брегалница беше подобра од Гевгелија.

Кадетки, 1. коло, резултати:

Група А
Илинден Вардар – Вардар одл.
Металург – Куманово 33-18
Шампион – Ѓорче Петров 30-26

Група Б
Феникс – Пелистер 29-10
Сани – Јехона 36-11
Лихнид – Стружанка 13-32

Група В
Делчево Вардар – Деспина 25-25
Брегалница Плус – Гевгелија 33-29