Самсоненко им вети на ракометарите на Вардар…

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко даде ветување до ракометарите така што им дава одредена сигурност околу тоа дека сите пари кои им се должат ќе им бидат исплатени.

Во интервју за Фокус тој вели дека сите обврски кон играчите така што се очекува до крајот на годината да бидат расчистени долговите.

„Јас ја превземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе“, вели Самсоненко во интервју за Фокус.

Инаку, покрај на ракометарите кои играат за Вардар им се должи и на дел од играчите кои веќе се заминати. Повеќето од играчите имаат потпишани лични договори со Самсоненко, па останува да се заврши целата работа во следниот период.