Саздовска: Ве добив ВАС – моите лавици и сите ВИЕ што бевте на трибини!

Женската репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство со три порази од Холандија, Романија и Франција.

Сите девојки од нашата репрезентација за првпат играа на голем настан, за разлика од сите други ривали, кои веќе имаат многу искуство и многу одиграни натпревари на големи натпреварувања.

Левото крило Јована Саздовска по завршениот настап на Македонија на ЕП, се огласи на социјалните мрежи.

,,Обично кога ќе доживееш пораз се вели дека си изгубил, но јас со поразот овој пат многу добив. Добив нешто што ни со победата не се постигнува а ни остварува. Јас ве добив вас, сите ВАС. Како една голема фамилија. Почнувајќи од лавиците на терен, па се до вие на трибините со вашата несебична поддршка. Сега сме сите едно…а ние со вас сме за едно скалило појаки и похрабри за остварувања на нашите соништа! Играме со срце Засекогаш за нашата Македонија! Голема благодарност до РФМ и тренерите кои не успеав да ги споменам и кои ни помогнаа во овој циклус да гледаме напред и да го издржиме физички: Јулијана Црвенкоска, Тања Андреева, Петар Баснарков…” напиша Саздовака.

Македонија веќе напролет во 2023 ќе ги започне квалификациите за настап на Светското првенство.

Јанеска: И покрај сите порази…победивме