Сагосен: Веќе сум како дома во Кил, од мојот апартман можам да го видам фјордот – тоа е уникатна глетка!

Најзвучниот трансфер ова лето е преминот на Сандер Сагосен од ПСЖ во Кил. Тимот од Франција бараше од сите ракометари да останат до крај на месец јуни во Париз и да го испочитуваат до крајот, а во првите денови од јули норвешкиот репрезентативец пристигна во Германија.

Сагосен веќе се подготвува за животот во Кил, нашол апартман и го запознава градот, кој вели дека повеќе му се допаѓа од Париз.

„Овде е многу потивко и позелено. Сите од клубот не дочекаа со раширени раце и се понудија да ни помогнат. Навикнат сум да бидам блиску до вода, а сега од мојот апартман можам да го видам фјордот – уникатна глетка. Тоа е сигурно една од причините поради кои се чувствувам како дома само по неколку дена во Кил“, вели Сагосен.

Норвежанецот стигна со ПСЖ до завршниот турнир во Келн, а таму ќе игра со Кил.

„Знам за големите очекувања. Целиот тим остана, не чувствувам голем притисок, но верувам во моите квалитети и во квалитетите на Кил. Кил можеби го има најдобриот тим во светот. Сакам да освојам пет или шест трофеи во првата сезона. Сонот ми беше да играм во Бундес лигата“, вели Сагосен.