Денеска беше одржан првиот собир и беше означен стартот на подготовките на женската селекција на Македонија за настап на Медитеранските игри.
Селекторот Љубомир Савевски, повика дополнително уште четири ракометарки за подготовките пред настапот во алжирскиот град Оран.
Дополнителен повика имаше за голманката на Металург, Анастасија Тодоров, левиот бек на Куманово, Сара Богоевска, како и двете вардарки – пивотот Нина Попова и десниот бек Наталија Максимовска.
Сите четири се кадетки, но ќе имаат можност да тренираат и да обезбедат место во националниот тим за настап во Оран.
Македонија се најде во групата Б, и ќе игра против Србија, Португалија и Турција, а настапите започнуваат на 30 јуни со Турција.
Савевски со 18 ракометарки на Медитеранските игри, најискусните добија поштеда
ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ: Дамите тргнуваат против Турција, завршуваат со Португалија