Савевски објави список за ЕХФ неделата: Без Ѓорѓиевска, но со Саздовска, Штериова, Седлоска….

Селекторот на женската сениорска репрезентација Љубомир Савевски, го објави списокот на повикани ракометарки за подготовките во рамките на ЕХФ неделата.

Савевски ќе има на располагање 19 ракометарки, а на списокот се најдоа уште девет резерви во случај на некој отказ.

По подолго време во репрезентација се враќаат Андреа Седлоска, Марија Штериова и Јована Саздовска, кои ги пропушти некои од претходните акции поради повреда, а отсутна ќе биде капитенот Елена Ѓорѓиевска, која е повредена.

Сениорките ќе одиграат две пријателски средби во Стара Пазова против Србија на 27 и 29 ноември, а првиот собир ќе биде на 22 ноември во 12:00 часот.

Дел од селекциите се подгтовуваат за Светското првенство во Шпанија, а Македонија е прва резерва, па треба да биде на готовс доколку некој учесник не може да биде дел од големиот настан.