САБОТНО ИНТЕРВЈУ СО ВЛАДО НЕДАНОВСКИ: Чест е да се биде тренер на Вардар, па макар и на еден меч!

Се што се случуваше во Битола ме врати наназад, кога како играч бев дел од натпреварите на големите ривали Вардар и Пелистер и кога во Битола имаше пет-шест илјади публика и немаше место во сала игла да се фрли. Тоа беше вистинско ривалство! Некако сè беше идентично од доаѓање пред сала, од притисок од публика, ’Чкембари’ пред сала, внатре .. исто како пред 15 години, како ништо да не е сменето, се присетува Недановски на неговото деби како тренер на Вардар.... Но, уште многу други детали крие утрешното интервју..

Владо Недановски е еден од двајцата (заедно со Стојанче Стоилов) македонски ракометари кој може да се пофали дека има две шампионски титули во Лигата на шампионите. Ги освои со Вардар во 2017 и 2019 година, за по завршувањето на играчката кариера да седне на клупата на Вардар како помошник тренер – прво на Стевче Алушовски, а потоа и на Веселин Вујовиќ.

Низата порази во ЛШ и разделбата со Вујо на три натпревари пред крајот на полусезоната беа причината за Недановски да ја добие довербата, да ја превземе улогата на прв тренер на „црвено-црните“ и да го води тимот на можеби најтешкото гостување сезонава, во Битола против Еурофарм Пелистер.

„Од нигде – никаде се случи да го водам Вардар и тоа на еден од најтешките натпревари можеби сезонава. Целата моја играчка кариера ја минав во Вардар, 15 години и за мене беше посебна чест и притисок да се води екипата. Да се седи на клупата на најтрофејниот клуб во Македонија, двократен освојувач на Лигата на шампионите, па макар и на еден натпревар тоа е привилегија… Се што се случуваше во Битола ме врати наназад, кога како играч бев дел од натпреварите на големите ривали Вардар и Пелистер и кога во Битола имаше пет-шест илјади публика и немаше место во сала игла да се фрли. Тоа беше вистинско ривалство! Некако сè беше идентично од доаѓање пред сала, од притисок од публика, ’Чкембари’ пред сала, внатре … исто како пред 15 години, како ништо да не е сменето!“, се потсетува Владо Недановски.

Недановски покрај љубовта кон ракометот не ја крие ниту љубовта кон фудбалот, кон овоштарството – со кое има развиен семеен бизнис. Тој е професор по ракомет, тренер, Магистер по безбедност и Магистер по спортски менаџмент. Истовремено и апсолвент на Земјоделски факултет. Сопруг и татко, човек кому 24-часа во денот му се малку.

Во неговата ракометна приказна постои детаљ, кој е малку познат на младите генерации, а кој е тесно поврзан со континуираниот успех на националниот тим во изминатава деценија. Иако СП 2015 во Катар е единственото големо натпреварување на кое настапува за Македонија, сепак, Недановски има и тоа каков придонес.

Деталите прочитајте ги во саботното интервју на Владо Недановски за 24ракомет.