Сабате: Ќе бидеме уште подобри против Македонија

Чешка е последниот ривал на Македонија до настап на уште едно големо натпреварување какво што е Мундијалот во Полска и Шведска.

Чесите со новиот селектор Чави Сабате, одиграа две средби со селекцијата на Србија, еднаш загубија, а еднаш славеа со пет гола разлика.

„Најдобро е што имаме напредок во тренинг, иако немаме доволно тренинзи. Задоволни сме по двомечот со Србија, секогаш е убаво кога се победуваше, но за мене најважен е процесот. Сакаме да бидеме секој ден се подобри и подобри. Се надевам дека и за двомечот со Македонија ќе го покажеме тоа“, вели Сабате за „Деник“.

Првиот натпревар се игра во Злин на 13 април, додека реваншот по кој ќе биде познат патникот на СП е на 17 април во Скопје.