РФМ го одбра Скопје за домаќин, Чешка доаѓа на 17 април

Ракометната федерација го потврди Скопје како град домаќин на вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска.

Машката репрезентација ќе ја пречека Чешка во метрополата на 17 април во реванш средбата, по која ќе биде познат патникот на СП.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.

Чешката федерација направи мала промена за првиот меч. Наместо претходниот најавениот термин од 20:15 часот на 13 април, натпреварот во Злин ќе започне од 19:15 часот.