Ростов си најде замена за Седојкина, донесе голман од тимот на Трефилов

Екипата на Ростов Дон не чекаше многу за да донесе нова голманка, а замената за Ана Седојкина ја најде во редовите на Кубан Краснодар, каде што главниот збор го има Евгениј Трефилов.

Викторија Калинина која е и репрезентативка на Русија, а има 31 година доаѓа како добро засилување за голманската позиција. Таа е олимписки шампион од 2016 година, а има и бронза од Светското првенство во Јапонија од минатиот декември.

За нејзиниот трансфер зелено светло даде и Евгениј Трефилов така што е јасно дека Ростов Дон добива добра замена за Седојкина.

„Со Евгениј Трефилов првата соработка ја имав во 2009 година во Звезда Звенигород. Одлично ме познава. Сега ми рече дека сум возрасна и дека ова е моја одлука. Сепак, добив одобрување за да заминам и ми посака среќа и да освојам колку е можно повеќе титули со новиот тим“, вели Калинина.

Викторија Калинина е голман со искуство, па не би требало да се почувствува голема разлика во однос на минатата сезона.