Романците платија оштета, екс голманот на Вардар заминува од Адемар Леон

Претседателот на Адемар Леон, Каетано Франко за „La Nueva Cronica“ откри дека алжирскиот голман Калифа Гедбан повеќе не е член на нивниот тим. За услугите на поранешниот голман на Вардар е заинтересиран Динамо Букурешт и се чини дека романскиот тим ја платил оштета.

Гедбан беше желба на новиот тренер на Динамо Букурешт, Чави Пасквал кој од оваа сезона ќе седне на тренерската функција на романскиот тим.

За неговиот трансфер во Динамо Букурешт, Адемар Леон бараше оштета од околу 100.000 евра, бидејќи Калифа Гедбан имаше активен договор со шпанскиот клуб. Сепак, Франко не ја открива точната сума која Адемар Леон ја доби како оштета за алжирксиот голман.

Адемар Леон на своја сметка заработи од продавањето на Тин Лучин на Висла Плоцк и Натан Суарез на Спортинг. И двајцата ракометари имаа активни договори како  Калифа Гедбан.