Романците менуваат селектори по секој неуспех, на жешкото столче седнува Василе

По неуспехот на последното Европско првенство во Данска, ракометната федерација на Романија реши да направи смена на селекторската позиција во женската репрезентација.

По потрага за подобри резултати и повеќе професионалност, одлуката падна за тренерот од ЧСМ Букурешт, Адриан Василе.

Василе моментално го води тимот од Букурешт, а од 2014 па се до 2019 година беше асистент во истиот клуб на голем број тренери. Последните две години ја врши главната функција и има солидни резултати.

Помошник на Василе ќе му биде Норвежанецот Бент Дал, кој своевремено работеше во унгарскиот Шиофок.