Рогановиќ не мрда од Шведска

Официјалниот сајт на Ескилстуна Гуиф објави за продолжувањето на соработката со тренерот Зоран Рогановиќ.

45-годишниот стратег и некогашен ракометар на Вардар ќе го води шведскиот тим и во следната сезона.

„Убаво е чувството да добивате доверба за понатамошна работа за развој на играчите и екипата. За мене немаше дилеми дека ќе биде активирана и клаузулата од договорот за следната сезона“, вели Рогановиќ.

Тој работи во Гуиф од 2019 година, а во меѓувреме беше и селектор на Црна Гора. Селекторската функција ја напушти по Мундијалот во Полска и Шведска.

Рогановиќ долго време од кариерата мина во Шведска и играше за Лунд, Малме и Луги.