Ристовска со најголема минутажа во новата победа на ЦСКА Москва

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска имаше најголема минутажа во составот на ЦСКА Москва на гостувањето во Тољати каде што беше обезбедена победа од 30:26.

На оваа средба екипата на ЦСКА Москва имаше контрола на резултатот и беше во убава предност која се контролираше до крајот од натпреварот.

Сара Ристовска имаше два гола од три обиди, но имаше голем придонес во текот на целиот меч бидејќи на теренот помина дури 55 минути што беше убедливо најголема минутажа во составот на ЦСКА Москва.

Најефикасна во новиот триумф на ЦСКА беше Ана Грос која постигна дури 13 гола. Во Лада Тољати прв стрелец беше Олга Фомина со осум гола. Со новата победа тимот на ЦСКА Москва останува во чекор зад Ростов Дон бидејќи има два поени помалку.